Во сабота, филмски фестивал на кратки аматерски филмови PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 01 Март 2018 10:37   

 

Советот за превентива против малолетничка деликвенција - СППМД заедно со своите партнери од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Албанија, Бугарија, Чешка и Австрија, со голема чест и задоволство ви го најавуваат новиот филмски фестивал на кратки аматерски филмови кој во сабота, 3 март, со почеток од 12 часот ќе се оддржи во Кавадарци.


Филмскиот фестивал на кратки аматерски филмови е дел од проектот It's Time кој е подржан од Ерасмус + програмата. На овој филмски фесивал ќе се презентираaт кратки клипови од сите овие земји на тема родова рамноправност, а исто така и ќе се презентираат и песните со нивните спотови кој се изработени од млади од сите овие земји.


Фестивалот ќе се оддржи во големата сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“, а влезот е слободен.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov