Утре, 19то издание на меморијалниот турнир „Вуко Каров и Тиквешките фудбалски легенди“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 24 Февруари 2018 18:21   

 

Кавадарци е подготвено за 19то издание на меморијалниот турнир „Вуко Каров и Тиквешките фудбалски легенди“, иако најавата за поларен бран не е во корист ниту на организаторите ниту пак на публиката.

 

Според предвиденото, најпрво делегација од клубот ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Каров на градските гробишта во Кавадарци, додека пак свеченото отворање на турнирот е закажано за во 12 часот и 30 минути, на кое се очекува да се обрати градоначалникот Митко Јанчев.


Натпреварите по италијански систем по 45 минути ќе започнат во 13 часот со натпреварот Тиквеш и Тетекс, по кој ќе следи дуелот помеѓу Тетекс и Еуромилк, а турнирот ќе заврши со мечот Тиквеш - Еуромилк, кој ќе го одреди конечниот пласман на годинешното издание на турнирот.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov