Поставен пешачки мост над улицата „Шишка“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 12 Февруари 2018 19:04   

 

Согласно програмата за комунална изградба, Општина Кавадарци го реализираше проектот „Пешачки мост на улицата „Шишка“.


Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.


Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“.


На источната стран ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај основниот суд. Конструкцијата е висока 4 метри и 80 сантиметри, а мостот е долг 21 метар, а широчината му изнесува 1,50 метри.


Со овој проект општината реализира едно долгогодишно барање на жителите од овој дел на градот. За неговата изградба се наменети 700.000 денари.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov