Се сечат суви дрва во градскиот парк PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 06 Февруари 2018 11:34   

 

Дрвата кои се сечат во градскиот парк се суви, и истите се сечат поради безбедносни причини, е официјалното соопштение од јавното претпријатие „Комуналец“, откако од изутринава на социјалните мрежи беа објавени видеа од сечење на дрва во градскиот парк.


„Се сечат дрва за кои што од поодамна стручните служби утврдија дека се мртви и претставуваат опасност за сите минувачи“ - велат од јавното претпријатие „Комуналец“.


Оттаму информираат дека оваа активност е дел од редовните задачи на оперативната единица „Паркови и зеленило“, а на местото на пресечените дрва ќе бидат посадени нови, со што продолжува обновувањето на градскиот парк.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov