Фени домаќин на вицешампионот Карпош Соколи PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 03 Февруари 2018 09:17   

 

Најавите за рестартирање на топилницата Фени Индустри ги враќа и надежите за посветла и порадосна кошаркарска пролет и кај поранешниот македонски шампион. Неколкуте нови имиња во составот дефинитивно треба да им помогнат на оние кои останаа да ја бранат честа на клубот, да му го олеснат изборот на Малинков кој имаше премалку опции во ротацијата во првите три натпревари во новата година, и следствено на тоа да обезбедат пласман помеѓу шестте најдобри што беше цел на клубот на стартот од тековната кампања.


А првата шанса да ги израдуваат своите најверни 200-300 фанови кои без оглед на се останаа на своите седишта во „Јасмин“, кошаркарите на Фени Индустри ќе ја имаат уште денес, за кога е закажан дуелот со вицешампионот Карпош Соколи, кој сезонава е далеку од своите најславни денови.


Домашниот терен и поголемото искуство го прават Фени благ фаворит на дуелот помеѓу седмо и осмо пласираните тимови на табелата кој започнува во 18 часот.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov