Фени го пречекува „непобедливиот“ Работнички PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 17 Јануари 2018 09:08   

 

Со стари проблеми и во новата година, надополнети со заминувањето на Андреј Магдевски, кошаркарите на Фени Индустри го дочекаа продолжението од сезоната, во која освен да се надигруваат и да ја бранат клубската чест, ќе се надеваат дека многу наскоро ќе бидат решени сите отворени прашања и клубот ќе се врати на старите патеки.


Поразот од тимот на Гостивар во првото коло од новата година беше очекуван, а серијата тешки натпревари продолжува и денес со дуелот против сезонава непобедливиот тим на Работнички.


Почетокот на натпреварот е закажан за во 17 часот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov