Во петок, годишен концерт на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 10 Јануари 2018 11:45   

 

Во петок, на 12 јануари 2018, со почеток од 19 часот, во Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“. На концертот со кореографии на македонски игри и песни ќе се претстават сите групи по возраст кои егзистираат во ансамблот.


Специјални гости на концертот се членовите на Фолклорниот ансамбл „Типопластика“ од Горњи Милановац, Србија, како резултат на долгогодишната успешна соработка меѓу двата ансамбли.


Влезниците по цена од 100 денари ќе можат да се набават на билетарата на Домот на културата во периодот од 17 до 19 пред почетокот на концертот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov