По само еден месец од проектот „Мој општинар“ Кавадарци станува подобро место за живеење PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 10 Јануари 2018 11:34   

 

Измина еден месец од почетокот на проектот „Мој општинар“. Овој проект е прв ваков проект во Македонија. Градоначалникот Митко Јанчев го презентираше уште во предизборната кампања и уште тогаш имаше позитивни коментари од граѓаните. За кратко време откако ја превзема градоначалничката функција успеа и да го реализира овој проект. По само еден месец како градоначалник, „Мој општинар “ од идеја премина во реализација.


Првата недела општинарите ја искористија за запознавање на своите реони и запознавање со граѓаните. Веќе во наредниот период започнаа проектот „За убаво Кавадарци“, кој ќе биде еден долг процес во кој за убаво Кавадарци најголемо учество ќе имаат општинарите. Се чистат сите помали и поголеми диви депонии во градот. Секој општинар според потребите на својот реон организира акции со кои дивите депонии исчезнуваат. Освен депониите се чисти и целиот град. Се решаваат мали проблеми за кои треба малку работа, но до сега не биле решени.


Најважно од се е што граѓаните на Општина Кавадарци позитивно реагираат на овој проект, некои од нив и помагаат во решавањето на проблемите.
Преку проектот „Мој општинар“ се надеваме дека ќе се подигне и свеста и одговорноста кај граѓаните. Сите напори и целиот труд кој се вложува треба да биде ценет пред се од граѓаните и тие безрезервно да се вклучат во создавањето на убаво Кавадарци.


Опремата, односно униформите на општинарите и апаратите со кои работат се донации од кавадаречките фирми Екстра Бус, Метал Апостолов, Велком Трејд, Павер Трејд, Градба Промет, Кожувчанка и Ја-Ми.


Од кабинетот на градоначалникот Јанчев во иднина очекуваат уште поголеми резултати и уште поголема комуникација помеѓу граѓаните и општинарите од проектот “Мој општинар“, како и реализација на поголеми проекти.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov