Во понеделник, света архиерејска литургија по повод Рождеството Христово, Божиќ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 05 Јануари 2018 08:23   

 

По повод празнувањето на големиот христијански празник, Рождество Христово, Божиќ, кавадаречкото архиерејско намесништво ги информира и ги повикува сите православни христијани да земат учество во светата архиерејска златоустова литургија.


„Се известуваат сите православни христијани од кавадаречкото архиерејско намесништво дека на ден 08.01.2018 година, ќе се отслужи света Архиерејска златоустова литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од кавадаречкото намесништво. Се повикуваат сите верници кои сакаат и кои се во можност да земат учество во светата архиерејска литургија. Почетокот на литургијата е во 8 и 15 за кога е закажан и пречекот на митрополитот повардарски, господин Агатангел. Ве очекуваме на вториот ден Божиќ во храмот „Света Петка“ и Ве поздравуваме со христијанскиот поздрав, Христос се роди, навистина се роди“ - - се вели во соопштението.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov