Новогодишна честитка на градоначалникот Јанчев до жителите на општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 28 Декември 2017 12:16   

 

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев и се обрати на јавноста, заблагодарувајќи и се за придонесот во општеството, и посака среќни и бериќетни празници.


„На прагот сме на еден нов предизвик, нови желби, нови амбиции. Годината која што изминува да ја запеметиме по сите среќни мигови, насмеани лица, и успешни достигнувања. Да заборавиме на сите моменти кои ни предизвикале тага и незадоволство. Да се сеќаваме на оваа година на уште едно искуство кои ни го нуди животот и ни дава сила за понатаму. Новиот почеток значи многу нови желби и предизвици. Новиот почеток значи дека ќе треба да разбудиме нови амбиции кои ќе ни бидат водилка кон нови успеси“ - рече Јанчев.


Во продолжение, првиот човек на градот изјави: „Во новата година ќе си ставиме пред себе една цел која ќе треба да ја стигнеме сите заедно, од една единствена причина, Кавадарци да стане убаво место за живеење. Малите чекори водат кон големи успеси. Пред нас се денови во кои се празнуваат среќата, здравјето и радоста. Пред нас се денови во кои семејството се сплотува во едно. Да ја дочекаме Новата година заедно на градскиот плоштад во Кавадарци. Да си посакаме исполнување на сите желби, и во новата година да бидеме сплотени со љубов и почитување“.


На крајот од своето обраќање, Јанчев на сите кавадарчани им посака среќни и бериќетни новогодишни и божиќни празници на своите сограѓани. „Божиќ е голем верски празник, нека биде бериќетен за сите нас. Ви се заблагодарувам Вам драги сограѓани за целиот придонес во општеството, за сите пофалби и критики. И во новата година ќе ми давате сила за поголеми подвизи и заеднички успеси. Дочекајте ја новата година со радост и убави желби. Нека ни се среќни и бериќетни престојните празници. За многу години Кавадарци“.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov