Малинков е најдобар тренер, Тијана Митрева најдобра млада кошаркарка за 2017 во Македонија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 21 Декември 2017 09:57   

  

Предводникот на машкиот кошаркарски клуб Фени Индустри, Љупчо Малинков и шеснаесет годишната Тијана Митрева се најдоа на листата на најуспешни во кошарката за 2017 година.


Малинков кој го предводеше Фени до финалето од националниот Куп, беше назначен за помошник селектор на машката сениорска селекција, а и покрај огромните финансиски проблеми во клубот го оддржува истиот во самиот врв на македонската кошарка заслужено го доби признанието за најдобар тренер на машка сениорска екипа.


Меѓу годинешните лауреати се најде и 16 годишната Тијана Митрева која годинава настапува во италијанскиот Мерцедес Алгеро. Покрај одличните клубски настапи, Митрева беше најдобар играч во репрезентацијата до 16 години.


Малинков и Митрева своите признанија ќе ги добијат на свечената церемонија која е закажана за во понеделник, 25ти декември, со почеток во 19:00 часот во Сквер 21.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov