Кавадарци ќе добие три нови мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Сабота, 25 Ноември 2017 11:15   

 

Градоначалникот Митко Јанчев и ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, Блажо Боев потпишаа меморандум за соработка помеѓу локалната самоуправа Кавадарци и униврзитетот „Гоце Делчев“, со кој треба да се зајакнат капацитетите на ова установа и Локалните самоуправи.


Првата заедничка активност е поставување на прва мерна станица која ќе биде предадена во употреба до крајот на декември, а потоа ќе се постават уште две станици за мерење на амбиенталниот воздух во Општината. „Во февруари месец 2018 ќе бидат инсталирани уште две мерни станици“ најави проф.д-р Блажо Боев, рекор на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.


Градоначалникот Митко Јанчев, нагласи дека потпишувањето на меморандумот е започнување на сорабката преку научно истражувачка работа.


„Со мерните станици кои ќе се инсталираат, ние ќе имаме комплетна покриеност на подрачјето на Кавдараци. Преку нив ќе го откриеме вистинскиот виновник за загадувањето и ќе донесеме соодветни мерки за решение“ - рече Јанчев за новинарите.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov