Се обновуваат оштетените канделабри PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 23 Ноември 2017 09:13   

 

Општина Кавадарци продолжува со акцијата за уредување на јавно прометните површини. Деновиве електро монтерски екипи на фирмата која е одговорна за одржувањето на Јавното улично осветлување, во соработка со машино браварски тим работата на обновување на целосно уништените и оштетените канделабри во делот на електричната инсталација и светлечките тела, така и на механичките оштетувања на телата на канделабрите.


Станува збор за повеќе светилки кои се лоцирани во паркот во село Ваташа, во дворот на клонот од детската градинка познат како „Ваташка“, потоа на светилките во малото паркче кај улицата „Солунска Глава“. Се обновуваат и канделабрите во Паркот „Полана“, како и во паркот на „Револуцијата“ спроти полициската станица.


Цел на репарација се и украсните светилки на улицата „Илинденска’ во делот на БИД зоната, како и оние на градскиот Полштад.


После завршувањето на оваа акција, Општината ќе пристапи кон обновување и на Јавното осветлување во градскипт парк „Љупчо Шкартов“ каде несовесни граѓани имаат направено големи оштетувања како на самите канделабри така и на подземните електро инсталации.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov