Започна пријавувањето за првотото Детско - Младинско Драмско студио на Диме Коцевски PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 21 Ноември 2017 18:50   

 

Со бројни театарски претстави и телевизиски проекти во кои секогаш вклучувал и промовирал голем број на млади, од кои голем дел сеуште го носат товарот на кавадаречкото глумиште, Диме Коцевски конечно го започна својот проект кој го подготвува долги години, а кој треба да обезбеди нов бран на енергија, но и долгорочност на кавадаречкиот театар.

 

„Ова е моја дамнешна идеја која „зрееше“ долго време, и мислам дека после толку одиграни и режирани претстави и телевизиски проекти, подготвен сум да го пренесам целото знаење и искуство на нови дечки кои ќе се обидам да ги „заразам“ со театарскиот „вирус“ кој го шират „штиците што живот значат“. Факт е дека кавадаречкиот театар старее, факт е дека последните десетина претстави ги играат горе-долу едни исти ликови и голем дел од претставите не можеме да ги поставиме токму поради немањето доволен број на актери, макар и аматери, па јасно е дека ни требаат нови ликови кои ќе бидат спремни да одговорат на потребите на кавадаречкиот театар“ - ни рече меѓу другото Коцевски.


Во продолжение Коцевски информира дека пријавувањето е веќе во тек, и истото ќе трае се до 1ви декември, по што се очекуваат и аудициите пред и официјално да започне со работа првотото Детско - Младинско Драмско студио. Пријавувањето за аудициите се врши на телефонот 078 327 033 или на email Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , а сите заинтересирани треба да ги достават следните информации име и презиме, возраст и телефон за контакт.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov