Кавадарци беше домаќин на Држaвното првенство во пинг понг за телесни инвалиди PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 21 Ноември 2017 11:11   

 

Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци, овој викенд беше домаќин на Држaвното првенство во пинг понг за телесни инвалиди.


Првенството беше во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонскиот параолимписки комитет. Натпреварите се одржаа во СС „Јасмин“ со учество на 30-сетина учесници од Македонија кои се натпреваруваа во 4 категории.


Првите места по категории ги освоија: Мажи стоење класа 6-8 Рубинчо Ристески-Прилеп, мажи стоење класа 9-10 Страше Коцевски-Куманово, мажи количка Муштеба Амети –Охрид и жени стоење Лилјана Мицовска од Кочани. Домаќинот, Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци беше претставуван од тројца натпреварувачи: Николчо Делов, Васил Росомански и Магдалена Делова. Најдобро пласиран во својата класа беше Николчо Делов кој го освои 4 место.


Инаку претходниот викенд Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци имаше традиционална средба со Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кисела Вода Скопје, а повод беше прославата на 3 декември, Светскиот ден на лица со инвалидност на која се планира одржување на шаховски турнир.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov