Клубот за боречки спортови Будо го прослави седмиот роденден со турнир во кик бокс PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 16 Ноември 2017 14:14   

 

Повеќе од 400 гледачи, од кои најголемиот дел од Демир Капија имаа можност да уживаат во вториот Тиквешки турнир во кик бокс со кој беше одбележана седум годишнината од основањето на клубот за боречки вештини Будо од Кавадарци.


Турнирот на кој настапија педесетина борци од кик бокс клубовите од Велес, Штип, Неготино и Демир Капија го отворија најмладите борци, а веднаш по нив следуваа и борбите на девојките, кои покажаа дека длабоко се навлезени во тајните на кик боксот. Веднаш по нив следуваа и натпреварите во машка конкуренција кои донесоа одлични борби.


„Коректно и со голем респект кон тренерите, борците ги изведуваа сите научени техники и тактики на борба. Видовме сите до каде се нашите борци и каде да дадеме поголем акцент на тренинзите, за да ги зголемиме перформансите на борците за во иднина“ - рече меѓу другото Александар Ристовски од КБК Будо од Кавадарци.

 





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov