Градоначалникот Јанчев го одработе првиот отворен четврток PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 10 Ноември 2017 13:08   

 

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев уште во првата недела од своето владеење најави дека општина Кавадарци ќе биде достапна и отворена за секој граѓанин.


На вчерашниот отворен ден, првиот човек на градот оствари средби со 40 граѓани со кои разговараше за различни проблеми со кои секојдневно се соочуваат.


Јанчев најави дека ќе биде секогаш тука за граѓаните преку ваквите средби, теренските активности и преку проектот „Мој општинар“ кој ќе биде реализиран за кратко време.


„Практиката на средби со граѓани ќе продолжи и наредниот четврток кој исто така ќе биде приемен ден. Секој граѓанин кој што сака да оствари средба со градоначалникот може да го закажи својот термин во Граѓанскиот услужен центар“ - информираат од кабинетот на градоначалникот Јанчев.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov