Синдикатот на Фени го стави протестот во мирување PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Петок, 10 Ноември 2017 11:53   

 

Протестот на работниците на „Фени Индустри” кои два дена протестираа поради покренатата стечајна постапка, денеска е ставен во мирување, информира Ѓоре Палитов, претседател на Синдикалната организација.


„Во исчекување сме. Во понеделник е закажано судското рочиште во врска со барањето за стечај од страна на банките доверители. Тогаш ќе се знае дали и каква понуда ќе достави до банките заинтересираниот бугарски инвеститор и каков ќе биде ставот на доверителите, нагласи Палитов.


Дури после тоа, работниците ќе одлучат што понатаму, дали повторно ќе протестираат или не.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov