Во петок и сабота во нашиот град, „Гроздоберче“ фестивал |
|
|
|
Напишано од Unevski on Среда, 08 Ноември 2017 08:39
|
Во петок и сабота, 10 и 11 ноември, во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе се оддржи 21то издание на фестивалот на детски песнички „Гроздоберче“.
На годинашното издание на еден од најпопуларните детски фестивали во Македонија за прв пат ќе бидат изведени 19 нови детски песнички со различна содржина која е одраз на времето и потребите на децата од новите генерации.
„Традицијата на оддржување на детскиот фестивал „Гроздоберче“ продолжува на голема радост на сите, најмногу на децата, по 21ви пат. Имаме нови 19 песнички кои премиерно ќе бидат изведени годинава, за прв пат солистите ќе ги придружува детскиот хор од општинското основно училиште „Тошо Велков - Пепето“, а вообичаено ќе имаме и гости од двата реномирани детски фесетивали, „Златна пахуља“ од Црна Гора и „Клинци певају хитове“ од Ковин, Србија“ - ни рече меѓу другото Зоран Станоев - Дејзи, директор на фестивалот.
Почетокот на двете фестивалските вечери е закажан за во 19 часот.
|