Малиот Тоше Петров е новата ѕвезда на кавадаречкото џудо PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 06 Ноември 2017 11:29   

 

По исклучителниот настап на „Прилеп Опен 2017“, викендов кавадаречките џудисти иако во преполовен состав отпатуваа на силниот меѓународен турнир во џудо „Миоки Опен 2017“ успеаа да ја збогатат клубската колекција со уште еден златен медал.


Успехот е уште позначаен затоа што е остварен во конкуренција на 600 натпреварувачи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Романија и Шведска, но и поради фактот што „Миоки Опен“ со години важи за еден од најсилните турнирни на Балканот на кој редовно учество земаат балкански и европски шампиони.


Заслугите за новиот златен медал за клубот ги има младиот Тоше Петров кој беше најдобар во конкуренцијата до 21 килограм, откако во финалето славеше со ипон над романскиот борец кој е балканскиот шампион во помлади пионери и тоа само за десетина секунди, колку што во просек му требаше да ги добие и трите борби со кои стигна до финалето. Покрај него на турнирот настапија и Игнат Петров, Никола Јанев, Душко Јовески, Никола Петров, Розе Милкова, Благој Тодоров и Миле Плачков. Секако листата на медали ќе беше далеку подолга доколку настапеа репрезентативците Никола Станоев, Благица Колева, Димитар Колев...


Тренерското трио Колев, Ангелов и Трајановски се премногу задоволни од прикажаните борби, а особено од настапот на Петров кој беше едно од најпријатните изненадувања на турнирот.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov