Трета победа во серија на Фени PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 06 Ноември 2017 09:52   

 

И без својот најдобар играч во воведните кола, американецот Дејвис кој направи трансфер во украинската лига, и без повредениот Андреј Магдевски, и со многу проблеми кои ја следат компанијата која го финансира кавадаречкиот клуб, а и тоа како се чуствуваат и во клубот, сепак Фени Индустри ја забележа и третата последователна победа, овој пат над тимот на Струмица, со резултат 81-63.


За разлика од претходните две победи кои Фени ги добиваше во дополнителното време, до третиот сезонски триумф избраниците на Малинков стигнаа многу полесно, добивајќи ги сите четири периоди. По изедначениот старт, во кој и двете екипи имаа свои периоди во кои со серија од поени влијаеа на почетниот резултат, домашните играчи ја стабилизираа играта, и од минута во минута ја зголемуваа предноста, која од 1 поен по првите десет минути игра достигна +9 на полувреме, 40-31.


Првата двоцифрена предност на Фени му ја донесе Милков со поените за 42-32, а неколку минути подоцна забивањето на младиот центар на Фени му ги донесе дотогаш највисоките +17, од кои гостите до крајот на третиот период анулираа само 6 поени, 55-44. Дилемите околу победникот ги реши Горјан Марковски на пет минути до крајот на натпреварот кога повторно ја врати предноста на +17, овозможувајќи мирен финиш и шанса да го почуствуваат паркетот младите Кицев, Плачков, Златев и Мелов.


Марковски со 19, капитенот Петровски со 18 и Милков со 16 беа први стрелци во домашниот тим, во кој одличен беше и Петар Коцев кој за 14 минути поминати на паркетот постигна 6 поени.


Во следното, шесто коло, Фени му гостува на тимот на Куманово.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov