ГФК Тиквеш го „освои“ Осогово PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 06 Ноември 2017 09:17   

 

По убедливиот пораз од Беласица на домашен терен, фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш го истурија целиот свој гнев врз тимот на Осогово, декласирајќи го со 0-4.


Победата ја најави Стојанче Дунимаглоски со гол уште во седмата минута од натпреварот. За вториот гол се чекаше повторно седмата минута, но од второто полувреме, кога Вареловски погоди за 0-2. На 3-0 зголеми Наумче Бакрачески во 69та минута, додека конечните 0-4 ги постави Роберт Митев во 82та минута.


Убедливата победа, но и катастрофалниот пораз на Плачковица од тимот на Беласица го качија ГФК Тиквеш една позиција погоре, па сега е петтоплаисран, со идентичен број бодови, но подобра гол разлика од тимот на Плачковица.


Во следното коло ГФК Тиквеш на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ Хоризонт Турново.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov