Денес започнува фестивалот на европски филм PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 12 Октомври 2017 10:21   

 

Првите денови од годинашното издание на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ ни го носат Фестивалот на Европски филм 2017 на кој ќе бидат прикажани дел од најновите остварувања од европската кинематографија.


Фестивалот кој ќе се оддржува во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ започнува во четврток, 12 октомври, со проекцијата на непалскиот филм Цената кокошка (Kalo Pothi) која е закажана за во 19 часот. Фестивалот продолжува во вторник и тоа со проекциите на германскиот филм Авантурата на Нели (Nelly's Adventure) која е закажана за во 18 часот и на Фадо (Fado), германско/португалски филм кој ќе се прикажува во терминот од 20 часот.


Фестивалот завршува со филмот Темна судбина (Dark Fortune), швајцарски филм, кој на репертоарот е во вторник, 17 октомври, со почеток од 19 часот.


Влезот за сите проекции е бесплатен.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov