Тиквеш остана без освоениот бод од Гевгелија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Четврток, 12 Октомври 2017 08:36   

 

Фудбалската федерација на Македонија ја уважи жалбата на фудбалскиот клуб Кожув поднесена против екипата на ГФК Тиквеш, која на меѓусебниот натпревар одигран минатиот викенд ги прекршила правилата на ФФМ.


Гевгелискиот клуб реагираше дека тимот на Тиквеш го прекршил правило на ФФМ (сите клубови учесници во натпреварувањето во вторите лиги првото полувреме мора да го започнат и да го завршат со два фудбалери, од кои едниот фудбалер да нема навршено 21 година, а другиот да нема навршено 19 години), откако во 44. минута од игра повлекол еден од младинците, на што денес комисијата при фудбалската куќа на фудбалот одлучи да го поништи резултатот од 1-1 и натпреварот да го добие Кожуф со службени 3-0.


Со овие три бода гевгеличани се искачија на третата позиција од ВМФЛ-Исток и сега пред водечката Беласица заостануваат 6 бода, а 4 пред второпасираната Брегалница. За разлика од нив, Тиквеш падна на шестата позиција на првенствената табела.


Во следното коло кое на програмата е викендов Тиквеш му гостува на тимот на Саса од Македонска Каменица.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov