Обраќање на Митко Јанчев до жителите на општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 11 Октомври 2017 11:49   

 

(платена политичка програма)

 

Почитувани жители на општина Кавадарци,


Денес, на неколку денови пред локалните избори, би сакал уште еднаш да Ви се заблагодарам за целото внимание, за секој убав збор, критика, идеја, за Вашата несебична поддршка и доверба која верувам дека се заслужува само со внимание, подадена рака и искреност.


Кавадарчани и моите пријатели овие денови ме прашуваат зошто Кавадарци е секогаш на прво место за мене. Еве го мојот одговор: Кавадарци е и ќе биде секогаш на прво место поради многу нешта кои едноставно не можам да ги имам никаде на светот. Тука сум роден, тука растев, тука ми се другарствата кои траат вечно, луѓето кои те познаваат од мал, тука учев, тука ја запознав мојата прва девојка, се оженив, основав семејство, добив три деца, влегов во светот на бизнисот, и правев и правам се за светот да го запознае моето Кавадарци по добро. Кавадарци е на прво место за мене и по врвното грозје и вино, по луѓето кои со насмевка им гледаат на проблемите во лице и веруваат во подобро утро, поради спортските асови, врвните уметници... Кавадарци е на прво место за мене заради луѓето чија искреност и љубов може да се почуствува на секој чекор и во нивните очи.


Подадена рака и само една искрена насмевка говорат многу за моите сограѓани, за луѓето кои знаат што сакаат и очекуваат од идниот градоначалник на Кавадарци. Секојдневно сум во комуникација со моите кавадарчани, со луѓе кои имаат што да кажат, со земјоделците кои имаат потреба од некој да им ја ислуша нивната мака, но и да им помогне. Го слушнав и гласот на младите генерации, просперитетните, они кои отворено говорат за своите желби и погледот кои прашуваат каква ќе биде нашата иднина. Секојдневни средби со спортистите, културните работници, со образованието, здравството, стопанството... Тука се и пензионерите кои пак имаат своја приказна за времињата минати, многу мудрост и прашање за нивните семејства и нивната иднина.


Затоа, јас, Митко Јанчев, врзан во силна алка со моето Кавадарци не се срамам да го побарам Вашиот глас бидејќи знам колку можам да направам за овој народ. Ете затоа е мојот слоган, Кавадарци секогаш на прво место.


Во оваа изборна кампања се изнаслушавте се за мене, но ете, не ме скршија. Останав исправен пред Вас затоа што само Вие можете да одлучите каква ќе биде иднината на нашето Кавадарци. Затоа Ве повикувам на 15ти октомври да му покажеме на светот како се сака својот град и како се почитуваат луѓето околу себе, како пријателски се подава рака и како се прославува за секој успех.


Кавадарци го гледам како град репрезент на Република Македонија пред светот, и време е светот да наздрави со нашите вина.


Почитувани жители на општина Кавадарци, на 15ти октомври Кавадарци ќе каже гласно каков градоначалник сака.


Митко Јанчев за градоначалник на Кавадарци, Ви ветувам, никогаш нема да Ве изневерам.


Гласајте за реден број 13,
Митко Јанчев, со љубов за Кавадарци.

 

#СекогашРабота #СекогашМакедонија #ЗаУбавоКавадарци

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov