Младите од Кавадарци ги запознаа можностите за вон училишни активности PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Октомври 2017 15:09   

 

По јубилеен, петти пат, Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво го организираше Саемот за вонучилишни активности, доближувајќи им ги на младите можностите за спорт, рекреација, доедукација и социјалзиација.


Претседателот Димитар Каракулев го прогласи саемот за отворен, откако изрази задоволство од интересот на учесници, ученици, родители и наставници.


„Горди сме што оваа манифестација е единствена од ваков вид во Република Македонија. Годинава учествуваат 25 спортски клубови, невладини организации, музичко училиште, Народна техника, градска библиотека и останати школи, каде младите можат да се зачленат и да го поминат своето слободно време. Подалеку од пороците на модерното време кои ги демнат младите на секој чекор. Саемот традиционално го посетуваат ученици од четврто до деветто одделение од сите кавадарчки училишта, како и ученици од Росоман, рече Каракулев, нагласувајќи дека деншниот ден е празник во Кавадарци, непосредно пред утрешниот празничен ден.

 

Тони Стефанов од Здружението Тиквешки точакџии, во изјава за медиумите информираше дека постојат две години и бројат околу сто членови и над илјада фанови на една од социјалните мрежи, имаат стаза до светски познатиот рудник Алшар која води низ Поткожувјето, а цел им е здравиот живот.


Тренерот на карате клубот Урбан Инвест, Ивана Аврамова соопшти дека редовно учествуваат на натпревари и секогаш се враќаат со многу медали.


„Ние сме како едно големо семејство. Покрај тао што заедно тренираме, се натпреваруваме и освојуваме награди, ние заедно прославуваме, се дружиме, шетаме и ги делиме и радоста и тагата. Како клуб имаме балкански прваци, државни прваци со години кои се и членови на македонската репрезентација, нагласи Аврамова, информирајќи дека три девојки од клубот кои два пати беа балкански шампионки и два пати на трето место на балканско ниво, сега како дел од репрезентација заминуваат на светско првенство во карате во Шпанија.

 








 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov