Тиквеш може да остане без освоениот бод во Гевгелија PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Октомври 2017 11:06   

 

Градскиот фудбалски клуб Тиквеш може да остане без освоениот бод во Гевгелија доколку фудбалската федерација на Македонија ја уважи жалбата на фудбалскиот клуб Кожуф за прекршување на правилата од страна на ГФК Тиквеш, за време на натпреварот од Втората лига - Исток одигран во саботата.


Во меѓусебниот дуел, од таборот на Кожуф велат дека Тиквеш не го завршил полувремето со двајца младинци. Во правилникот на ФФМ стои дека „сите клубови учесници во натпреварувањето во вторите лиги првото полувреме мора да го започнат и да го завршат со два фудбалери од кои едниот фудбалер да нема навршено 21 година а другиот да нема навршено 19 години“, а Тиквеш направил измена во 44. минута, повлекол еден од младинците од игра и го прекршил правилникот.


Од Кожуф бараат мечот да биде регистриран со службени 3-0 за нив. Натпреварот кој се одигра во рамки на 7. коло од ВМФЛ - Исток заврши без победник (1-1).




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov