Видео: Митко Јанчев за градоначалник на општина Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Октомври 2017 11:01   

 

(платена политичка програма)

 

Еуфоријата и победничката атмосфера која го следи кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев уште од воведниот митинг оддржан пред речиси две недели, па до секое појавување помеѓу народот, мини митинзи во селата, месните и урбаните заедници, ќе кулминира во недела, 15 октомври. Жителите на општина Кавадарци во Јанчев препознаваат семеен и грижлив човек, успешен бизнисмен, безусловен помагател на градот, поддржувач, хуманист, човек од народот, за народот, го препознаваат новиот градоначалник кој ќе го направи Кавадарци пристојно место за живеење.


Денес, се потсетуваме на сенародниот митинг на кој Митко Јанчев упати јасна порака до сите какво Кавадарци не очекува по 15ти октомври, на кој меѓу другото рече: „Додека ја правев програмата, секогаш ја замислував иднината на моите три деца. Кавадарци за прв пат ќе има нов иновативен проект, тоа е Мој општинар, а тоа значи дека нема да има веќе редици во општината, туку општинарите ќе одат на терен кај вас дома. Како земјоделски град, имаме хроничен проблем со грозјето и со неплаќањето, а кога имаме грозје немаме кој да го откупи. Направивме една анализа која што кажува дека во претходните пет години имаме проблеми и со вишок на грозје, а има и години како и сегашната кога нема грозје. Нашата идеја е да изградиме дестилерија, од 40 до 50 килограми грозје да може да откупи во секој момент. Јас сум производител на грозје, имам лозје, знам што значи лозјето. Ќе изградиме две нови градинки, затворен градски зелен пазар, ќе го реконструираме Градскиот стадион Тиквеш, со што ќе се овозможи подобар фудбал и да живее клубот Тиквеш, како и да живее навивачката група Лозари“.


#СекогашРабота #СекогашМакедонија #ЗаУбавоКавадарци

 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov