Кавадаречки двоец автор на макфестовскиот победник PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 10 Октомври 2017 09:26   

 

Песната „Од утро до вечер“ на кавадарчаните Столе Аврамов и Зоран Алексиќ со која настапија штипјанецот Зоран Илиев и спрската пеачка Анабела Атијас е победник на годинешното издани на фестивалот на забавна музика „Макфест“ кој изминатиот викенд се оддржа во Штип.


Столе Аврамов, кој е ден од најплодните и најбараните македонски автори во изминатите неколку години го создаде текстот и музиката за победничката песна, додека зад аранжманот на „Од утро до вечер“ стои потписот на Зоран Алексиќ, кој во минатото го има добиено и високото признание „Драган Ѓаконоски - Шпато“ кое се доделува на најдобриот аранжер.


Второ место освои композицијата „Дождови“ од Мартинијан Кириловски, додека третопласирана беше Антонија Гиговска со композицијата „Погледни ме“.



 

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov