Училишната библиотека во „Тошо Велков - Пепето“ прерасна во медиотека PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 09 Октомври 2017 09:53   

 

Училишната библиотека во општинското основно училиште „Тошо Велков Пепето“ прерасна во медиотека која е опремена со телевизор, таблети и читална. Големиот проект кој е во целост реализиран со средства и заложби на училиштето и училишниот тим беше заокружен со свеченото отворање на медиотеката како централен настан во одбележувањето на 5ти Октомври, Денот на учителите.


„Во современиот начин на живеење се повеќе се губи навиката на читање книги, па затоа како приоритетна цел во менаџирањето на училиштето беше реновирање на училишната библиотека и прилагодување во медиотека. Се надевам и верувам дека оваа прекрасна библиотека ќе биде мотивација нашите ученици да бидат нејзини најчести посетители“ - рече меѓу другото директорката на основното училиште „Тошо Велков - Пепето“, г-ѓа Ѓурѓица Алексова, која со својот тим носи најголеми заслуги за реализацијата на овој проект.


Во рамките на одбележувањето на Денот на учителите беше повод директорката на училиштето, г-ѓа Ѓурѓица Алексова на наставничката Менча Пачаџиева, долгогодишен наставник во училиштето и ја додели наградата за најдобар наставник.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov