Пионерите на ГРК Тиквеш го декласираа Торо Спорт од Виница PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 01 Октомври 2017 20:14   

 

Пионерите на градскиот ракометен клуб Тиквеш продолжуваат со убедливите игри на стартот на првенството.


По тешката, но заслужена победа над Младинец, викендов кавадаречките ракометни надежи имаа далеку полесна работа, совладувајќи го тимот на Торо Спорт од Виница со убедливи 26-15.


Иако целиот тим на Ќире Василев одигра одлично, сепак за издвојување е изданието на Мартин Петров кој постигна половина од вкупниот број на погодоци на својот тим.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov