ГРК Тиквеш убедлив во дуелот со Преспа за прво сезонско славје PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 01 Октомври 2017 17:44   

 

Ракометарите на градскиот ракометен клуб Тиквеш ја научија лекцијата од претходното коло во кое пропуштија триумф над шампионот Младост, славејќи убедлива победа над тимот на Преспа од 39-31, прва во вториот натпревар сезонава.


Подобрата игра на домашните играчи во воведните минути од натпреварот му донесе позитива од 3 гола уште во раната фаза од мечот, која остана константна се до средината на натпреварот, кога гостите со серија од 5-1 успеаа да го свратат резултатот на своја страна, 11-12. Ваквиот развој на настаните дополнително ги мотивираше Грозданов, Витанов, Димитриев и Окардов, па набрзина Тиквеш повторно ја превезеде резултатската предност, завршувајќи го полувремето со постигнати фантастични 19 гола, но и примени 17.


По паузата за полувреме, избраниците на професорот Блаже Велков фуриозно влегоа во продолжението, и со серија од 7-1 предвреме го решија прашањето околу победникот, па во финишот на натпреварот шанса да покажат дел од своето ракометно знаење добија речиси сите кои беа пријавени за денешниот меч, кој заврши со убедлив триумф од 39-31.


Пикерот Ристе Окардов со 10 и бековите Грозданов и Витанов со по 9 гола комплетираа 28 од вкупно 39те погодоци за својот тим, во кој во листата на стрелци се запишаа и Димитриев со 6, Петров Петар, Петров Костадин и Златев. Кај гостите најефикасен беше Бошевски со 10 постигнати кола, а Шабединовски постигна 9.


Во следното коло кавадаречките ракометари му гостуваат на тимот на Партизан.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov