Започна пријавувањето за шестото издание на „Street ball Ros 2017“ PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Август 2017 18:06   

 

Од 18ти до 20 август, општина Росоман по шести пат ќе биде домаќин на веќе традиционалниот турнир во улична кошарка „Street ball Ros 2017“.


Според информациите од организаторот, шестото издание на „Street ball Ros 2017“ дефинитивно ќе донесе многу забава, дружење и интересни дуели. Пријавувањето се врши на телефон 075-694-712, а котизацијата за учество изнесува 1000 денари од тим, кој согласно пропозициите е составен од четири играчи.

 

Надвор од натпреварувачкиот дел, за забавата освен локалната поддршка од диџеи и пријатели на турнирот, финалниот ден ќе го збогати и DJ Shorty P A.K.A. Pancho. 


Како и претходните две години, така и годинава натпреварите ќе се играат на новите спортски терени во Росоман, а со цел да се избегнат високите температури истите ќе се играат навечер, односно во периодот од 19 до 23 часот.


>




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov