Во петок, концерт на камерниот оркестар „ЕЛК“ од Кина PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Август 2017 18:04   

 

Во петок, на 11 август 2017, со почеток од 20 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи целовечерен концерт на “Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина.


Камерниот оркестар ЕЛК е основан во септември 2016 година, а неговите членови доаѓаат од најпрестижните музички установи во Кина, како Кинескиот конзерваториум и Колеџот за музика „Капитал“ од Пекинг. Оваа динамична група ја сочинуваат млади професори по музика, студенти и независни музичари.


Нивната идеја е да создаваат музика која преставува рефлексија на нивните индивидуални музички гледишта, традицијата и современото живеење, националниот идентитет и космополитизмот. Ваквиот пристап кон музиката резултира со ревидирање на кинеската национална музика, при што тие се одлучни во ставот дека треба да се зачуваат вредностите на традиционалната кинеска музика, додека истовремено се искористуваат современите музички трендови. Идејата е, на тој начин, да се добијат нови, оригинални композиции.


Поради нивниот професионализам и висок стандард на изведби, Камерниот оркестар ЕЛК, како еден од најквалитетните музички ансамбли, е избран од страна на Кинеското министерство за култура да ја промовира кинеската култура низ светот.


Гости на вечерта се членовите на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov