Започна бербата на винските сорти грозје PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Август 2017 18:01   

 

Со откинувањето на првите гроздови од сортата „Бургундец“, винарската визба „Гоце Делчев - Тиквеш“ која е најголемиот производител на грозје во Македонија, и официјално ја стартуваше бербата на винското грозје од новата реколта, информира специјализираниот сајт за вино и вино култура, www.vinotika.mk


Исклучително лошата година за лозарството, со долга и студена зима и променлива пролет која најпрво донесе екстремно високи, а потоа екстремно ниски температури, драстично ќе ги намали приносите на лозовите насади не само низ Тиквешијата, но и низ целата земја.


Сепак, и покрај лошата година, од винарската визба „Гоце Делчев - Тиквеш“ велат дека вложените напори за заштита на виновата лоза вродиле со плод, па и годинава винаријата, но и нејзините соработници ќе прават вино од врвно грозје.


За разлика од винските сорти на грозје чија берба само што започна, во Тиквешијата во полн ек е бербата на трпезните сорти грозје. Кавадаречкото грозје освен на пазарите ширум земјата, може да се сретне и во најголемите маркети и продажни центри во Србија, Полска, Русија...

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov