Нов пожар во Тиквешијата. Гори над селото Дебриште PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Август 2017 17:59   

 

Пожар избувна попладнево над росоманското село Дебриште. Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари.


„На терен сме со две противпожарни возила и шест пожарникари, се надеваме дека најбрзо што можеме, ќе го ставиме огнот под контрола“ - рече Богевски.


За потсетување, ова е четври поголем пожар во Тиквешијата во последните 20 дена.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov