Даниел Мојсов донираше спортска опрема на ГФК Тиквеш PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 09 Август 2017 11:39   

 

Иако повеќе од 10 години својата фудбалска кариера ја гради надвор од Кавадарци и Македонија, Даниел Мојсов не заборава од каде потекнува и каде ги направи своите први фудбалски чекори. Репрезентативниот стопер кратката пауза и посетата на својот роден град ги искористи за уште еднаш да ја покаже љубовта и почитта кон својот матичен клуб, градскиот фудбалски клуб Тиквеш донирајќи спортска опрема.


Се работи за 20 репрезентативни маици кои што ќе го унифицираат изгледот на фудбалерите пред секој натпревар, 25 маици за тренирање и 15 маркери. Целата спортска опрема која Мојсов ја донесе од Кипар е од данскиот спортски бренд Хумел.


Ова не е прв пат кавадаречките фудбалери да го помагаат градскиот фудбалски клуб Тиквеш, но и заедницата. За потсетување, комплетна фудбалска опрема за кавадаречкиот клуб пред неколку години донираше и Ванче Шиков, а браќата Даниел и Ѓорѓи Мојсови често знаат да ги посетат и штитениците од центрите за деца со посебни потреби.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov