Ренова и Беласица први противници на ГФК Тиквеш PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 07 Август 2017 10:30   

 

Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш немаа премногу среќа на денешната ждрепка, откако на денешното извлекување за противник во првото коло од македонскиот национален куп го добија тимот на Ренова.


Единствена олеснителна околност во пресрет на дуелот со петто пласираниот тим во најсилното македонско фудбалско друштво во претходната година, е што Тиквеш ќе го игра натпреварот на домашен терен. Натпреварот Тиквеш - Ренова е закажан за на 16ти август, за кога се предвидени и останатите натпревари од оваа фаза.


Десетина дена подоцна, односно на 26 август, кавадаречките фудбалери и официјално ќе ја стартуваат нова сезона во втората македонска фудбалска лига - исток. Во воведното коло, Тиквеш гостува во Струмица кај тимот на Беласица.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov