Нов пожар во Тиквешијата. Гори во атарот на Галиште PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 06 Август 2017 19:09   

 

Горат нискостеблеста дабова шума и сува трева во атарот на кавадаречкото село Галиште.


Петко Ристовски, шеф по заштита на шуми во подружницата на "Македонски шуми" од Кавадарци информира дека пожарот кој избувна во петокот на прилепска територија и сеуште е активен, од синоќа е префрлен и во кавадаречкиот дел.


„Засега се зафатени околу два хектара во кавадаречко, кај местото викано Србиново. Во гаснењето учествуваат работници од подружниците на "Македонски шуми" од Прилеп и Кавадарци, прилепски пожарникари и луѓе од ловиштето "Сафари", соопштува магистер Ристовски.


За полесно справување со пожарот, тој очекува во акцијата на гаснење да се вклучат и воздухоплови.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov