Во Михајлово се оддржува дводневен камп за родова рамноправност PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 06 Август 2017 13:38   

 

Дводневен камп за млади за родова рамноправност се одржува во одморалиштето Михајлово, кавадаречко. Настанот е дел од проектот “Пополни ги празнините” кој го реализира невладината организација на жени “Женско лоби” од Демир Капија, во соработка со невладините организации Младински центар “Креактив” и “Чекор кон Европа” од Кавадарци и демиркаписката Фондација “Ценет”.


„Основна цел на проектот е зголемување на јавната свест за важноста на родовата рамноправност и заштитата на женските човекови права. Една од специфичните цели на овој проект е изработка на листа на препораки и активности кои ќе се вклучат во програмата за работа при комисиите за еднакви можности во општините од Тиквешкиот регион“ - рече Менче Николова, проект координатор на “Женско лоби”.


Претходно, како дел од овој проект беше одржана работилница насловена “Родова рамноправност и женски права во Тиквешкиот регион”, која беше наменета за членови на невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Николова се осврна и на другите активности во рамките на проектот како печатење на едукативна брошура.


„Главната активност е месецот на родова рамноправност. Во негови рамки се предвидени и бројни работилници за средношколци и основци, јавни трибини против семејното насилство и изработка на видео спот и медиумска кампања насловена “Мажи за жени”“ - додаде таа.


Проектот трае од април до декември оваа година, а финансиски е поддржан од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov