Започна да се гради нова делница од кејот на Луда Мара PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 06 Август 2017 13:36   

 

Започна изградбата на третата фаза од уредувањето на кејот на реката Луда Мара, во која ќе биде урбанизиран делот од поранешната фабрика „Таска“ до мостот „Слога“.


Третата фаза од изградбата на кејот ја реализира опретивата на „Градба Промет“ од Кавадарци, а вредноста на работите ќе изнесува нешто над 9 милиони денари.


Градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов вети создавање услови за продолжување на урбанизацијата на кејот после Брушански мост кон Ваташа, со што би се заокружило уредувањето на кејот во вкупна должина од 3 километри.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov