Осветена новоизградената црква „Света Недела“ во Брушани PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 06 Август 2017 13:12   

 

Денеска беше осветена новоизградената црква „Света Недела" во кавадаречкото село Брушани. Драган Ристов како претседател на селската месна заедница и член на Црковниот одбор, се заблагодари на сите кои на било каков начин ја помогнаа изградбата на оваа црква, чија градба започна во март 2013 година.


„Ние не застануваме тука. Како и досега, така и отсега ќе работиме во насока на подобрување на животот за сите оние кои постојано живеат тука или доаѓаат повремено во своите викендички“ - нагласи меѓу другото Ристов.


Во присуство на голем број верници, со осветувањето чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, владиката Агатангел.

 




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov