Највредните трофеи во европскиот фудбал ќе го одминат Кавадарци PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 02 Август 2017 12:54   

 

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на Европскиот Супер Куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат прилика да се сликаат со највредните фудбалски пехари - Лига на Шампионите, Европска лига и Супер Куп.


За жал, Кавадарци не е на листата на градови во кои ќе патуваат трофеите, па секој што ќе сака да се слика со вредните трофеи, ќе мора да отиде барем до Неготино. Пехарите ќе бидат изложени во четврток, 3 август во периодот од 10 до 12 часот.


По Неготино, пехарите ќе бидат изложени и во Струмица, Штип, Куманово и Скопје. Вчера пехарите беа поставени во Тетово и Охрид, а денес во Битола и Прилеп.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov