Тиквеш втор пат подобар од Победа Валандово PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Среда, 02 Август 2017 12:53   

 

Во рамки на подготовките за престојната сезона, вчера на Градскиот стадион во Кавадарци, фудбалерите на ГФК Тиквеш одиграа пријателски натпревар со тимот на Победа Валандово, кој го добија со 3:1.


Ова е втора победа над истиот ривал, откако во текот на минатата недела Тиквеш со 3:5 славеше и на гостувањето во Валандово.


Подготовките на тимот кој доби нов тренер, но и неколку нови имиња продолжуваат со значително поголем интензитет, а до стартот на новата сезона се очекува да се одиграат уште неколку пријателски натпревари.


Ждрепката за новата сезона во која Тиквеш најавува дека ќе се бори за висок пласман е предвидена за во понеделник, 7 август, кога ќе бидат познат и противникот во македонскиот куп.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov