Објавен конкурсот за Седмосептемвриска награда PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 01 Август 2017 13:56   

 

По повод 7ми септември, Денот на ослободување на град Кавадарци, Локалната Самоуправа на Општина Кавадрци објавува Конкурс за доделување на наградата „7ми Септември“.


1. Наградата „7ми Септември“ на градот Кавадарци се доделува на физички и правни лица како знак на придонес на Градот Кавадарци, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.


2. На ученици и на студенти: Наградата се доделува за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности, што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Кавадарци.


3. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.


4. Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.


5. Право на предлагање на кандидати за Наградата имаат сите правни и физички лица.


6. Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.


7. Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два примерока од делото.


Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број.


Предлозите и иницијативите во два примероци се поднесуваат преку пошта или директно во Архива на Локална Самоуправа Кавадарци, соба број 20, најдоцна до 20 август 2017 година.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov