Кафе игротека Парти кидс, омиленото место на новите генерации градски деца PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Недела, 23 Јули 2017 20:32   

 

Сакајќи да ги исполниме искрените детски желби за играње и другарување без граници, но и да ги задоволиме потребите на родителите за безбедно и лесно достапно место за нивните најмили, ја создадовме кафе игротеката Парти Кидс, каде од неодамна безгрижно растат, играат, се забавуваат и прославуваат најновите генерации градски деца.


На супер мекиот под од татами, создаден е свет од детската имагинација, исполент со безбедни и по највисоки стандарди изработени лавиринт на две нивоа, тобоган, топчиња, трамполина, куќичка, кујна, кош, табла за цртање, коцки, кугли, плазма кар, синтисајзер, караоке и многу други друштвени и креативни игри.


Покрај за секојдневна забава, дружење и едукација, игротеката Парти Кидс има и свој диско дел наменет за најубавите детски роденденски забави кои остануваат во сеќавањата засекогаш.


Лоцирана на улица „Страшо Пинџур “ бр 95, кафе игротеката Парти Кидс располага со 110 м2 внатрешен дел создаден по највисоките стандарди за забава, хигиена и безбедност и летна тераса од 80 м2, или вкупен капацитет од 40 возрасни и 30 деца.


Достапноста и обезбедниот паркинг простор за гостите, како и подготвеноста да ги оствариме сите Ваши идеи и желби за прослави и родендени се само уште една причина зошто да не посетите.


Контактирајте не и резервирајте термин за роденденски и останати детски прослави на телефон 077 425 490, емаил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , преку нашата фејсбук страница https://www.facebook.com/partykids.kavadarci/ или дојдете директно во кафе игротеката Парти Кидс.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov