Нова одлука на Советот за олеснување на процедурата за воведување на зонско паркирање PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 11 Јули 2017 19:11   

 

Со десет гласа „За“ и шест „Против“, Советот на општина Кавадарци донесе одлука според која градоначалникот Александар Панов доби дозвола да го потпише договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за зонско паркирање со најповолниот понудувач. 

Со оваа одлука се очекува придвижување на постапката за изнаоѓање на приватен концесионер кој ќе го намали сообраќајниот хаос во градот, откако на претходните повици кои имаа исклучително високи услови не се пријави ниту еден понудувач.

 

Покрај оваа одлука, на денешната седница, 58-по ред, по консултацијата на советничките групи одложена е расправата за 10-та и 11 точка останати од минатото заседание, кои се однесуваат на Предлог одлуката за поништување на Одлуката за давање на согласност Годишен План за вработување во Општина Кавадарци за 2017 година.


Следна седница на Советот е закажана за 18-јули.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov