Со синглот „Разбуди се“ РГБ го најави својот деби албум PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Вторник, 11 Јули 2017 18:35   

 

Кумановско-Кривопаланечката рокенрол коалиција РГБ ја „разбуди“ македонската рокенрол сцена со својот нов сингл „Разбуди се“ со кој и официјално го најави својот деби албум „Мамурни утра“ кој се очекува да биде промовиран веднаш по завршување на летните одмори.


Специфичниот звук во кој лесно се препознава влијанието на суперталентираните победници на Зајечарската Гитаријада, КИ и кривопаланечката атракција Вертиго, чии членови се дел и од РГБ, му даваат посебна уникатност на „заразниот“ сингл „Разбуди се“, но и носат нова свежина на македонската рокенрол сцена.


Во генералиите на песната стојат потписите на Мартин Николовски кој го напиша текстот, музиката е на Александар Михајловски и Александар Станковски, додека за продукцијата и постпродукцијата беше задолжен Милош Краљевски.


„Разбуди се“ е само една од осумте песни кои ќе се најдат на албумот „Мамурни утра“ кој ќе биде промовиран во септември.






 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov