Ванче Шиков и официјално е нов играч на Тобол PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 10 Јули 2017 15:55   

 

Македонскиот репрезентативен стопер, Ванче Шиков денеска стави потпис на едногодишен договор со тимот на Тобол од Казахстан.


Шиков по една година помината во дресот на Работнички, својот нов интернационален предизвик го најде во тимот на Тобол кој со ангажманот на искусниот стопер потврди дека не се откажува од борбата за излез во Европа. Во договорот потпишан денеска стои и клаузула според која соработката може да биде продолжена на уште една година.


Заменик капитенот на македонската фудбалска репрезентација ќе им се приклучи на своите нови соиграчи дури в среда. За разлика од кај нас, првенството во Казахстан веќе е во тек, а тимот на Тобол по 19 одиграни кола е на петтата позиција на табелата со 25 освоени бода.




 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov