По долга пауза, во недела, ново издание на „Ваташкиот меморијал“ во велосипедизам PDF Печати Е-пошта
Напишано од Unevski on Понеделник, 19 Јуни 2017 17:35   

 

По неколкугодишна пауза, во организација на велосипедската федерација на Македонија, во недела 25 јуни, ќе се оддржи „Ваташкиот меморијал“ кој годинава е дел од Државното друмско првенство.


На меморијалот кој ќе се вози на делницата Кавадарци - Возарци - Росоман - Кавадарци во вкупна должина од 33 километри, учество ќе земат натпреварувачи во следниве категории: жени и кадети кои ќе возат 2 круга, мастерс и јуниори кои ќе возат 99 километри и сениори кои ќе возат четири круга.


Официјалниот старт на меморијалот е закажан за во 11 часот од центарот на градот, а финишот ќе биде поставен на улицата „Индустриска“.





 
Get Adobe Flash player
Сите права се задржани - Copyright © www.kavadar4e.com - Designed by Mitrov